Актуелниот македонски хокеј шампион, тимот на Металург сезоната ја отвори со убедлива победа на стартот од турнирот „Скопје ајс фестивал 2016“. Во првото коло „пиратите“ го совладаа српски Спартак Суботица со 8-1 по третини 3-1, 2-0 и 3-1. Стрелци на погодоците за нашиот состав неа Томас Заврл и Александар Мијушковиќ на два наврати, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Дени Садиковиќ, Стефан Децковски, Кристијан Грчевски и Урош Бановиќ. Металург во второто коло, кое на програмата е утре, силите ќе ги одмери со Славија Софија од Бугарија, дуел кој се игра од 11.30 часот.