ВИДЕО: Затоа овој спорт е посебен – жестока тепачка во НХЛ лигата!

Екипата на Бостон Бруинс синоќа славеше домашна победа над Минесота со резултат од 5-3, но мечот остана во сенка на боксерската пресметка на Мет Белескај и Лук Кунин. 

Хокејарот на Бостон на стартот на првата третина се „закачи“ со еден играч на Минесота, но на патот му се ја појави Кунин, кој одлучи да го одбрани својот клупски колега и физички се пресмета со Белескај. 

Очекувано, двата хокејари ги извадија ракавиците и започнаа боксерска пресметка, а откако паднаа на мразот, судијата ја запре борбата и ги прати хокејарите на „ладење“. Токму поради ваквите моменти, хокејот е посебен спорт. Погледнете го бокс-дуелот на мразот: