ВИДЕО: Започна женскиот хокеарски турнир, Кина го постигна историскиот прв гол

Иако утре е церемонијалот на свеченото отворање, веќе започнаа дел од натпреварите на екипните турнири. Утрово стартуваше женскиот олимписки турнир во хокеј на мраз. Домашната репрезентација на Кина го постигна својот прв историски гол на зимските олимписки турнири.

Кина очекувано загуби со 3-1 од Чешка, но во 30. минута од натпреварот кинеската хокеарка Ле Ми го постигна првиот гол во историјата на Кина на Зимските Олимписки игри.

Ле Ми или Хана Милер е натурализирана хокеарка во кинескиот тим, кој не произведува хокеарки во својата земја.