ВИДЕО: Овечкин ја мина границата од 500 гола

Овечкин ги слави 500 гол во НХЛ

Првиот стрелец на НХЛ тимот Вашингтон Кепиталс, Александар Овечкин успеа да ја мине границата од 500 постигнати гола во Националната хокеарска лига на САД и Канада. По двата негови гола во убедливата победа со 7-1 против Отава синоќа, рекордот е соборен.

Руската ѕвезда е само петтиот хокеар во историјата кој успеал да го достигне ова постигнување, во споредба со бројот на одиграни натпревари. На 30-годишниот Овечкин ова му беше 801. натпревар во НХЛ. 

Границата од 500 гола пред него ја минаа Вејн Грецки, и тоа по само 571 одигран меч, Марио Лемју (605), Мајк Боси (647) и Брет Хул (693). Вкупно 43 хокејари постигнале 500 или повеќе погодоци во НХЛ.