ВИДЕО: Вашингтон Капиталс на чекор до НХЛ-титулата

Хокеарите на Вашингтон Кaпитолс го совладаа Вегас Голден Најтс со 6-2 за водство од 3-1 во финалната серија од НХЛ лигата. Сега тимот од главниот град се наоѓа на само една победа до првито историски трофеј во „Стенли купот“.

Во 1942 година Торонто го совлада Детроит со 4-3 по негативата од 0-3 и тоа е единствен случај во историјата на американско-канадската лига во која екипата која имала дефицит од 3-0 или 3-1 да стигне до титулата. 

Првата меч-топка хокеарите на Вашингтон ќе ја имаат во ноќта меѓу четврток и петок кога на распоредот е петтиот дуел од финалната серија.