ВИДЕО: Вашингтон Капиталс и Александар Овечкин го освоија Стенли Купот

Вашингтон Капиталс е нов шампион во НХЛ лигата и освојувач на Стенли Купот. Во петтиот финален натпревар, екипата од главниот град на гостински терен со 4-3 го победи Лас Вегас и со 4-1 во серијата подобар од седум ја заврши финалната борба за титула.

Рускиот хокеар, Александер Овечкин за првпат во кариерата трумфираше во американско-канадската хокеарска лига, а и неговиот клуб ја подигна премиерната круна. Пo 1.124 одиграни натпревари и 668 голови, 32-годишниот Русин го освои единствениот трофеј кој му недостигаше - оној највредниот. 

Во дуелот игра ноќва Вашингтон брзо поведе и во ниту еден момент не го доведе трумфот во прашање.