ВИДЕО: Ваква магија хокејот одамна не видел – епски гол на Садецки кој уште долго ќе се прераскажува

Младиот хокејар на Слован, Борис Садецки пред неколку дена го постигна својот прв гол во КХЛ лигата и сигурно оваа негово ремек дело уште долго време ќе се прераскажува. 

Жртва на оваа мајсторија на 20-годишниот Садецки беше екипата на Локомотива од Јарослав, откако младиот хокејар во игра 4 на 4 тргна во контра напад и најпрво на фантастичен начин се ослободи од својот чувар, а потоа на неверојатен начин со удар меѓу нозе го совлада противничкиот голман. 

Дефинитивно ваква мајсторија е реткост во хокејарската лига и овој гол на Садецки ќе конкурира за најубав во новата сезона.