• Горан Упале

Само еден ден откако Денвер Нагетс ја освои титулата во НБА лигата за првпат во историјата, американскиот професионален спорт доби уште еден тим кој се приклучи во друштвото на шампионите.
Со победата од 9-3 над Флорида Пантерс, Лас Вегас Голден Најтс стигнаа до Стенли Купот, трофејот наменет за најдобриот тим во НХЛ, најсилното хокеарско натпреварување на планетата.
Тимот од Невада до трофејот стигна совладувајќи ги „панцерите“ во финалната серија со вкупен резултат 4-1. Успехот на Вегас е уште поголем ако се знае дека франшизата е основана во 2017 година и за само шест години стигна до титулата најдобар тим во НХЛ караванот.
Последниот натпревар го одбележа Стоун, кој постигна хет-трик, а Ајхел и Теодор имаа по три асистенции.