• Зоран Мишевски

Светскиот спорт не попушта со санкциите за рускиот спорт, па не само што нема да учествуваат, туку нема ни да организираат спортски настани во блиска иднина.
Унгарија и Словенија поднесоа заедничка кандидатура за домаќини на Светското првенство во 2023 година, кое првично требаше да се одржи во Санкт Петербург, соопшти Меѓународната федерација за хокеј на мраз (ИИХФ).
Минатиот месец ѝ беше одземено правото на Русија да биде домаќин на Светското првенство догодина кое беше закажано за терминот од 5-21 мај.
Унгарија и Словенија никогаш не биле домаќини на Светското првенство во хокеј на мраз во највисоката дивизија. Нивната заедничка кандидатура доаѓа откако двете земји добија право на настап во елитната дивизија во 2023 година.