Убедлив триумф на Металург: Демолиран тимот на Вукови

Хокеарите на Металург дојдоа и до петтата победа, втора овој викенд во рамки на регионалната лига откако славеа над Вукови со резултат од 8-3 (3-2, 2-1, 3-0).

Македонскиот првак веќе во првата минута од мечот со голот на Давор Анастасов поведе со 1-0, а набрзина Внук зголеми и на 2-0. Во меѓувреме босанскиот тим ја намали предностa, но со вториот погодок на Анастасов на првата пауза се замина со позитива од 3-2.

Како и во вoведниот период, така и во вториот, веќе во првата минута со голот на Стефан Децковски нашиот тим поведе со 4-2. Повторно клубот од Сараево се доближи само на минус еден негатива (4-3), но Лука Петров во финишот на периодот погоди за предност од 5-3. Последниот период помина во комплетна доминација на „пиратите“, добиваќи го со 3-0, за на крај убедлива победа од 8-3. Стрелци во овој период повторно беа Петров и Децковски, додека последниот гол отиде зад името на Кристијан Ташевски.

Веќе денес, но инлајн хокеј тимот го очекуваат два нови натпревари во рамките на хрватската инлајн-хокеј лига, кои се играат во Загреб. Од 12.00 часот силите ќе ги одмерат со Муње, додека од 14.00 часот со српски Партизан. Возбудувањата во регионалната хокеј лига на мраз продолжуваат на 11. март, кога домаќин ќе биде Софија.