ВИДЕО: Турција и хокеј се два различни поими - Русија ги демолира со 42-0

Добро познат факт е дека Русија е една од најголемите светски сили во хокеј на мраз, а тоа многу добро на своја кожа го почувствуваа младите репрезентативци на Турција.

Руската репрезентација во хокеј на мраз на стартот од Европскиот младински олимписки фестивал демонстрираше вистинска надмоќ и против домаќинот Турција славеше со убедлив резултат од 42-0, по третини 15-0, 12-0 и 15-0.

По овој резултат само се потврди дека Турција и хокејот на мраз се два сосема различни поими.