Трагична смрт на хокеар од НХЛ-лигата на само 25 години

Хокеарот на Едмонтон Оилерс, Колби Кејв, трагично почина на 25 годишна возраст.

Канаѓанецот имал операција на мозокот каде му била отстранета циста, па морало да биде ставен во вештачка индуцирана кома. Ситуацијата нагло се влошила, тој имал излив на крв во мозокот и не преживеал.

„Со голема тага соопштуваме дека нашиот Колби почина рано изутрина. Сите сме во шок, но знаеме дека тој беше сакан од целото семејство и целата хокеј-заедница“, гласи соопштението на неговата сопруга Емили.

Колви Кејв оваа сезона одигра 11 натпревари во НХЛ-лигата и постигна еден погодок. Центарот во кариерата во НХЛ-лигата играше и за Бостон Бруинс.