• Саше Љолес

Трагични вести ја погодија спортска Канада. Хокеарскиот репрезентативец на Велика Британија, Мајк Хамонд го загубил животот во стравична сообраќајна несреќа.
Според канадските медиуми, Хамонд ја загубил контролата над своето Порше, по што директно се забил во големо дрво и починал на местото на несреќата. Лекарските тимови пристигнале многу бргу, но за жал, можеле само да констатираат смрт.
Канадската полиција сè уште не се огласи со повеќе детали за несреќата, но изјавија дека истрагат е во тек. Големата трагедија ја потврди и Хокеарската федерација на Велика Британија.
„Сите сме скршени од болка поради тажните вести што ги добивме. Нашиот хокеар Мајк Хамонд загина во страшна несреќа, а ние сме во огромен шок. Тој беше многу ценет и почитуван од сите соиграчи. Нашите мисли се со неговото семејство и изразуваме длабоко сочувство за прераната смрт“, стои во краткото соопштение.
Во текот на својата кариера, Мајк Хамонд играше за повеќе клубови од Данска, Шведска и Германија. Тој е роден во Велика Британија, но пораснал во Канада и таму се заљубил во хокејот.
33-годишниот Хамонд беше и репрезентативец на Велика Британија, со која настапи на две Светски првенства, во 2019 и 2021 година.