Традицијата продолжува: Хокеарките на САД фуриозно до ново финале на ЗОИ (ВИДЕО)

Женската хокеј репрезентација на САД со убедливата полуфинална победа над Финска (5-0), успеа да обезбеди финале на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја. 

Со оваа победа Американките ја продолжија традицијата и третпат во низа ќе се борат за златниот медал на едни Oлимписки игри, а својот противник ќе го добијат по завршувањето на вториот полуфинален меч меѓу селекциите на Канада и Русија. 

Финалната средба на програмата е в четврток, додека еден ден претходно ќе се игра натпреварот за бронзениот медал.