• Зоран Мишевски
Најсилната хокеарска лига во светот има старо-нов шампион. Имено, хокеарите на Тампа Беј Лајтнинг го одбранија Стенли купот, откако во финалната серија во пет натпреври ги победија Монтреал Канедијенс со 4-1.
Петтиот дуел од серијата, Тампа Беј го доби со 1-0, а стрелец на голот за титула беше Рос Колтон во втората третина.
За МВП на финалната серија прогласен е голманот на Тампа Беј, Андреј Василевски. Тој е првиот голман по пауза од девет години кој ја добил оваа награда.