ВИДЕО: Тампа Беј е новиот победник на „Стенли Купот“ во хокеј на мраз

Започна разврската во оваа необична сезона на американските спортови. Во очекување на новиот НБА-шампион, Соединетите Американски Држави и Канада веќе имаат победник на „Стенли Купот“ во хокеј на мраз.

Тампа Беј го победи Далас со 2-0 во Едмонтон во шестиот дуел од финалето во битката за трофејот од НХЛ лигат,а со тоа што ја доби серијата со 4-2 во победи.

Клубот го освои шампионскиот пехар по втор пат по 2004 година. Дефанзивецот Виктор Хедман го доби трофејот за најкорисен играч во елиминациските натпревари (МВП). Тој разигрувањето го заврши со 22 поени (10 гола и 12 асистенции) на 25 натпревари.

Голманот Андреј Василевски забележа 22 одбрани и го освои трофејот за најдобар голман во плеј-офот. Тој беше стартер на сите 25 елиминациски натпревари на Тампа Беј и забележа 18 победи.