Спартак пресилен за хокеарите на Металург во Бугарија

Македонскиот првак во хокеј на мраз Металург денес е поразен во првиот натпревар од последниот четврт турнир на регионалната хокеј лига од Спартак Суботица со 9-2 (2-1, 5-0, 2-1). Последниот турнир се одржува во Софија, а нашиот тим ќе настапи исклучиво со домашни играчи.

И покрај тоа што на денешниот натпревар хокеарите на Металург настапија со сили од сопствениот погон, беа рамноправен противник во првата и последната третина. Клучна за победата на Спартак Суботица беше втората третина во која нашите хокеари загубија со 5-0.

Следниот натпревар за Металург е утре од 13.30 часот, а противник ќе биде екипата на Вукови од Босна и Херцеговина.