Сонцето направи проблеми во Суботица: Поместен мечот на Металург

Хокејарите на Металург до првата победа во Балканската лига

Сончевото и мошне пријатно време на северот од Србија, односно во Суботица, им направи проблеми на организаторите на третиот турнир од регионалната хокеј лига.

Вториот дуел во рамкиte на турнирот во Суботица, кој што Металург требаше да го игра денес во 16.00 часот е поместен за во 22.30.

Македонскиот првак вечерва ќе ја брка третата победа против тимот на Славија Софија од Бугарија, со оглед на тоа што славеше на претходните два меѓусебни меча.