• Горан Упале

Финската репрезентација во хокеј на мраз е првиот финалист на машкиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг.
По голема борба совладана беше селекцијата на Словачка со 2-0. Моментот на одлука се случи во 16. минута од првиот дел. Тогаш искусниот Сакари Манинен, член на руска УФА, ја погоди мрежата на одличниот словачки голман Рибар и ја најави победата на својата селекција, која што беше потврдена на 40 секунди до крајот, со голот на Песонен.
Финска е третпат во историјата во финалето на Олимписките игри, а првиот златен медал ќе се обиде да го освои в недела. Ривал ќе ѝ биде подобриот од вториот полуфинален меч меѓу Русија и Шведска.