Скопје беше домаќин на балканската хокејарска елита

Градот Скопје и Хокеј федерацијата на Македонија (ХФМ), денес беа организатори и домаќини на Годишниот конгрес на Балканската хокеј федерација кој се одржа во хотелот „Сити Парк“.

На собирот беа присутни претставници на девет држави од Балканот, односно нивните претседатели или пак генерални секретари. Главна тема на разговор и дискусија во рамки на самиот конгрес беа плановите за развојот и регионалната соработка.

Покрај претставниците на споменатите држави членки во Балканската хокеј федерација, беа и високи членови на Светската хокеј федерација (ИИХФ), Петар Бризин, член на извршниот одбор, како и Аку Ниеминен, кој е спортски менаџер за проекти.