ВИДЕО: Шведска доминантно до светската јуниорска титула во хокеј на мраз

Светот доби нов јуниорски светски првак во хокеј на мраз. Репрезентацијата на Шведска ја победи Чешка со 4-2 во финалниот натпревар на Светското првенство во хокеј на мраз за играчи до 20 години во американскиот град Сент Пол.

Каспер Јустовора Карлсон, Виктор Еклунд, Саша Бумедин и Ивар Стенберг постигнаа голови за Шведска. Адам Јиричек и Матеж Кубиша постигнаа голови за Чесите. Последен пат Шведска освои злато на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз во 2012 година. 

Во натпреварот за третото место, Канада ја победи Финска со 6-3.