• Саше Љолес
Хокеарската репрезентација на Швајцарија ја торпедираше Данска со убедливи 7-0 и ќе се бори за златниот медал од Светското првенство, каде ќе се соочи со селекцијата на Соединетите Американски Држави.
Швајцарците вторпат по ред се пласираат во големото финале, а минатата година беа поразени од Чешка со конечни 1-2. На мечот против Данците, Швајцарија одигра атомски хокеј, два гола постигна Нино Нидерајтер, а по еднаш стрелаа Џегер, Малгин, Шмид, Риат и Тајлер Мој.
Во мечот за бронзениот медал ќе се соочат репрезентациите на Шведска и Данска, а финалето е закажано за 20:20 часот по македонско време.
ФОТО/PHOTO: IIHF