Сензации на хокеарскиот турнир: Словенија ги победи САД, Словачка подобра од Русија

Звучи нестварно, но Словенија ги победи САД на натпревар во хокеј на мраз на Олимписките игри. Словенците извојуваа победа од 3-2 за шок за американскиот тим, кој првпат по 20 години не го сочинуваат хокеари од НХЛ лигата. 

Американците водеа и со 2-0, но Блаж Грегорц и Јан Мурсак израмнија на 2-2. Мурсак на почетокот од продолжението го постигна својот втор гол за финална победа за „змајчеките“. 

Словачка го приреди второто изненадување, победувајќи ја Русија со 3-2, откако „зборнаја“ прокоцка предност од 0-2 со головите на Прохорин и Капризов. Погодоците за победничката селекција ги постигнаа Олвецки, Бакош и Петер Черешнак.