ВИДЕО: Сент Луис од најслаб тим на Западот на една победа до „Стенли Купот“

Хокеарите на Сент Луис се на чекор до титула во НХЛ лигата и најголем подвиг во историјата на американско-канадскиот шампионат во хокеј на мраз. Тие чекорат од последното место во својата конференција на кое се наоѓаа во јануари на само една победа до пехарот.

Сент Луис Блус ноќва извојува победа над Бостон Бруинс со 2-1 и води со 3-2 во победи во серијата подобар од седум. В понеделник пред своја публика Блус ќе ја имаат првата меч-топка за освојување на „Стенли купот“.

Рајан О`Рејли и Давид Перон ги постигнаа головите во петтиот натпревар, а блескаше и голманот Џордан Бинингтон.

Во четвртото финале во клупската историј, хокеарите на Сент Луис Блус се блиску до шампионска круна и место во историјата.