САД закажа ново финале со Канада на ЗОИ 2022

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави се пласира во големото финале и ќе игра за златниот медал против Канада.

Полуфиналниот меч за Американките донесе рутинска победа во дуелот со Финска (4-1). Ова е четврт последователен финален меч за тимот на САД на Зимските Олимписки Игри.

Финалето меѓу американскиот и канадскиот состав ќе биде реприза на сите мечеви за златен медал од 2010 година до оваа зима.

Финската репрезентација за бронзата ќе се пресмета со Швајцарија.