• Горан Упале
Женската хокеарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го следи чекорот на најголемиот ривал за златниот медал на олимпискиот турнир во Токио и ја запиша втората победа во групата А.
Пред разиграните Американки немоќна беше селекцијата на Русија, која што, ако добро се држеше во првите две третини, во третата не најде решение за поквалитетниот противник и загуби со убедливи 5-0 (1-0, 1-0, 3-0).
Со оваа победа Соединетите Американски Држави останаа на делба на лидерската позиција со Канада, додека Русија го впиша првиот пораз, по триумфот во воведното коло над Швајцарија.
Најубедливи од денешната програма во Пекинг беа Канаѓанките, кои со 11-1 славеа над Финска, Чешка со минимални 3-1 извојува победа над Шведска, додека Јапонија со одличен прв период беше поуспешна од Данска со 6-2.