САД по драма и продолжение до прво хокејарско злато од 1980 година

Спуштена е завесата на олимпискиот турнир во хокеј на мраз во Милано, каде што за првпат по 2014 година настапија најдобрите играчи од НХЛ. Во финалето беше приреден северноамерикански класик, во кој репрезентацијата на САД ја победи Канада по голема драма и продолженија со 2-1 (1-0, 0-1, 0-0 – 1-0).

Ова е само трета олимписка титула за Американците, која ја чекаа уште од Зимските олимписки игри 1980 година во Лејк Плесид, кога се случи легендарното „Чудо на мразот“ и победата над селекцијата на Советскиот Сојуз.

САД досега имаа осум загубени финалиња и една бронза, додека Канада останува на врвот на вечната табела со девет златни, пет сребрени и три бронзени медали. Меѓу нив на историската листа се селекциите на СССР и Русија во сите нивни форми.