• Горан Упале
Хокеарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ја освои титулата светски шампион, откако во финалето во Стокхолм по продолженијата ја совлада селекцијата на Швајцарија со минимални 1-0
Голот за третата титула, прва од 1960 година, го постигна Тејџ Томпсон. Успехот на Американците е дополнително нагласен од фактот дека тие не играа со својот најсилен тим, бидејќи Светското првенство започна кога се играа полуфиналните серии во НХЛ лигата.
Бронзениот медал го освои Шведска, која ја победи Данска со 6-2 во натпреварот за третото место.