• Зоран Мишевски
Забраната за учество на големи спортски настани за руските спотисти продолжува. Меѓународната федерација за хокеј на мраз ги обелодени учесниците за Олимписките игри во Италија во 2026 година.
Претседателот Лук Тардиф откри дека на Русија нема да ѝ биде дозволено учество на олимпискиот турнир.
На машкиот турнир за медали ќе се борат: Канада, Швајцарија, Чешка, Франција, Финска, Шведска, Словачка, САД, Германија, Летонија и Данска. Осумте учесници во женска конкуренција ќе бидат: Канада, САД, Финска, Швајцарија, Јапонија, Шведска, Германија, Италија и Франција.
Италијанската Кортина Д’ампецо ќе биде домаќин на Олимписките игри од 6 до 22 февруари 2026 година.