ВИДЕО: Руските хокеари ја декласираа Норвешка и закажаа полуфинале со Чешка

Бранителот на олимпиското злато во хокеј на мраз, Русија ја декласира Норвешка со 6-1 (3-0, 0-1, 3-0) и обезбеди пласман во полуфиналето на олимпискиот турнир во Пјонгчанг.

Григоренко, Гусев и Војнов уште во првиот период ја најавија победата на „зборнаја“, па голот  на Бонсакен не ги поколеба да ги дотолчат Скандинавците. До крајот, Русија постигна уште три гола преку Калињин, Нестеров и Телегин и пак се пласира во борбата за медали. 

Во полуфиналето руските хокеари ќе се соооат против Чешка, која по изведувањето на пенали ја совлада репрезентацијата на САД. Втората полуфинална двојка ќе произлезе од четврфиналните дуели Шведска - Германија и Канада - Финска.