ВИДЕО: Руската легенда Овечкин по седми пат го освои трофејот „Морис Ричард“

Рускиот хокеар и најдобар играч и капитен на Вашингтон, Александар Овечкин е освојувач на трофејот „Морис Ричард“, благодарение на 49 постигнати гола во регуларниот дел од сезона во НХЛ.

Русинот по седми пат е најдобар стрелец во американската лига по признанијата во 2008, 2009, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.

32-годишниот Овечкин се израмни со Боби Хул од Чикаго како единствени со седум признанија „Морис Ричард“.