Руската КХЛ лига нема да ги пушти хокејарите, ако Русија добие забрана за Олимписките игри

Руската хокејарска лига (КХЛ) нема да ги пушти најдобрите асови на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, ако Русиј добие забрана за настап на Олимпијадата. Иако претходно имаше најави дека КХЛ ќе паузира за руските хокеари и странците кои играат во лигата да можат да настапат во Јужна Кореја, Интернационалната хокеарска асоцијација најнапред не постигна договор со бордот на НХЛ лигата.

Претседателот на ИИХФ, Рене Фасел истакна дека не е така извесно дека најдобрите хокејари од втората најквалитетна лига во светот, ќе се појават на олимпискиот мраз.

„КХЛ, која е членка на Руската хокеарска федерација, мора да ги почитува статутите на ИИХФ и да ги пушти странските играчи во Пјонгчанг. Нема потреба да се суспендира рускиот хокеарски тим, во машка и женска конкуренција. Ако тоа не се случи, ние ќе ги ослободиме хокејарите од сите селекции, не само руските“, изјави Фасел.

Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг ќе се одржат од 9 до 25 февруари.