Руската КХЛ лига им дозволи на хокеарите да играат на Олимписките игри 

Континенталната руска хокеарска лига (КХЛ) им дозволи на своите професионалци да се натпреваруваат на Олимписките игри во Пјеонгчанг. 

Претседателот на КХЛ, Дмитриј Чернишенко по најавите за бојкот, сепак попушти и вчера јавно им посака среќа на сите хокеари кои ќе ги претставуваат своите национални репрезентации на најголемиот светски спортски собир, кој почнува за неполни два месеци.

НХЛ лигата нема да ги пушти своите професионалци во Јужна кореја поради предолгата пауза во сезоната, па оваа вест до некаде ќе го спаси турнирот, кој ризикуваше да биде тотално неинтересен.

Kанада го брани златото освоено пред скоро четири години во Сочи, а на пиедесталот медали освоија уште Шведска и Финска.