ВИДЕО: Русите громогласно ја пееја својата химна и испратија провокација кон МОК

Русија химна

Денес, репрезентацијата на Русија стана олимписки шампион во хокеј на мраз со победата во финалето над Германија на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг.

ПОВРЗАНО >> ВИДЕО: Русија е нов олимписки првак во хокеј на мраз, победена Германија за прво злато по 26 години

Иако добија забрана пред почетокот на игрите дека не смеат да ја пеат својата химна за време на церемониите, руските хокејари не се воздржаа и на цел глас пееја на денешното доделување на медалите.

„Кога играш за својата земја и освоиш вакво одличје, тоа е важен момент за сите нас и нашата држава“ , изјави по мечот капитенот на руската репрезентација, Павел Дасјук.

Поради допинг скандалот на ЗОИ во Сочи пред четири години, Русија заработи казна од Меѓународниот Олимписки Комитат (МОК) и настапи на овогодишните игри под името „Олимписки Спортисти на Русија“.