Русинот Овечкин во друштво на Гартнер и Јагр: 15 сезони со најмалку 25 гола

Еден од најдобрите руски хокеари и стрелци на сите времиња, хокеарот на Вашингтон, Александар Овечкин собори историски рекорди и стана третиот играч во историјата на НХЛ лигата со постигнати најмалку 25 погодоци во 15 сезони по ред.

Рускиот хокеј мајстор на натпреварот со Отава постигна два гола, откако погоди во 38. и 57. минута. Неговиот прв гол беше 25-ти оваа сезона во најсилната светска хокеарска лига.

Само Мајк Гартнер и Јаромир Јагр претходно го оствариле подвигот на Овечкин.