Русија по пенал-серијата ја елиминира Шведска и ќе го брани златото во хокеј на мраз

Руските хокеари ќе ја бранат олимписката титула, откако во второто полуфинале во Пекинг по изведувањето на пеналите ја совладаа Шведска и за златниот медал ќе се борат против селекцијата на Финска. 

Човек на одлука за Русија беше Арсени Грицјук, кој го реализираше решавачкиот пенал во осмата серија.

Во првата третина немаше голови, а веднаш по стартот на втората Антон Слепишев им донесе предност на Русите. Швеѓаните не се предадоа и преку Антон Ландер израмнија во последната делница (1-1). Oткако во дополнителните минута немаше промена на резултатот, победникот мораше да биде решен во пенал-серијата.

Русите почнаа со две промашувања, па Лендер во петтата серија имаше шанса да му донесе победа на Шведска, но откако не беше прецизен, Грицјук не погреши во осмата серија и погоди за големо руско славје.