Русија домаќин на Светското првенство во хокеј на мраз во 2023 година

Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) денес на конгрес во Словачка потврди дека Русија ќе биде домаќин на Светското првенство за мажи во 2023 година.

Во септември минатата година беше донесена одлука да би доделен шампионатот за четири години на Русија, оној во 2024 година на Чешка, а потоа домаќин да биде Шведска. Овие одлуки вчера беа официјално потврдени. Спортскиот комплекс во Санкт Петерсбург кој собира 22.000 гледачи и „Зимскиот дворец“ со капацитет од 12.000 места се салите каде што ќе се одржи целиот шампионат.

Русија беше домаќин на Светскиот шампионат во хокеј во 2016 година, кога првенството се одржа во Москва и Санкт Петербург.