ВИДЕО: Ренџерси го добија НХЛ-класик мечот пред 42.000 гледачи

Њујорк Ренџерс е победник во традиционалното зимско хокеарско класико во НХЛ лигата. Ренџерси го совладаа тимот на Бафало Себрс со 3-2 по проодолжението, во дуел кој се одигра на бејзбол стадионот во Квинс пред 42.000 гледачи.

Џеј-Ти Милер во третата минута од продолжението го постигна голот за победа на Њујорк Ренџерс. Голема заслуга за триумфот има и голманот Хендрик Лундквист, кој собра 31 одбрана.