Рекорди на швајцарската голманка во хокеј на мраз во Пјонгчанг

Голманка на женската швајцарска репрезентација во хокеј на мраз постави два рекорди на дебито на олимпискиот хокеарски турнир вло Пјонгчанг. Флоренс Шелинг го одигра својот 15. натпревар на Зимските Олимписки игри. 

Со ова достигнување Шелинг се израмни со Нура Рати од Финска, која исто така собра 15 настапи. Швајцарката ја сочува својата мрежа во победата на својата селекција против обединетиот состав на Кореја со 8-0. 

Шелинг, како и Канаѓанката Кимберли Сен Пјер, на четири натпревари не прими гол, со што исто така е на делба на првото место на вечната листа.