Првиот пик на драфтот од 2003 година ја заврши богатата НХЛ-кариера

Екипата на Минесота Вајлд загуби од Лас Вегас Голден Најтс со резултат 3-2 и испадна од првото коло во плеј-офот на НХЛ лигата, а тоа автоматски значеше и крај на кариерата за легендарниот голман, Марк-Андре Флури. 

Чуварот на мрежата имаше емотивно збогување и доби овации од целата сала во Минесота, а публиката му се заблагодари на 40-годишниот Флури за сите успеси и прекрасни моменти. Беше прв „пик“ на драфтот во 2003 година и настапуваше за Питсбург Пингвинс, каде освои три титули во Стенли-купот, кој му припаѓа на НХЛ шампионот. 

Marc-Andre Fleury salutes the crowd as he leaves the ice for the final time in his NHL career
byu/chespiotta inhockey

Играше за Вегас Голден Најтс, Чикаго Блекхоукс и Минесота Вајлд. Трите шампионски титули ги освои со Питсбург (првиот пат во сезоната 2008/09, и двапати во низа - 2015/16 и 2016/17). Во 2021 година го освои и трофејот „Везина“ за најдобар голман во лигата. 

Во кариерата настапи 575 пати, а единствен голман со повеќе победи од него останува само славниот Мартин Бродур, кој има дури 691 победа во регуларниот дел на сезоната.