Прва историска победа за хокеарите: Македонија подобра од Ирска

Македонската хокеарска репрезентација ја забележа првата историска победа во еден натпревар во организација на „ИИХФ“ и на Развојниот куп кој се одржува во Германија, со 9-6 беше подобра од селекцијата на Ирска.

Светската хокеарска федерација им дава шанса на помалите земји да се развиваат со настап на турнири, а за Македонија ова е прво учество на овој настан. Во првиот меч, Македонија и Ирска беа рамноправни до 7-6 за нашиот национален тим, а потоа следеа два гола во противничката мрежа, за конечни 9-6.

Хокеарите наредниот натпревар на Развојниот турнир во германски Фусен ќе го играат од 18:00 часот, кога за противник ќе ја имаат Андора.