ВИДЕО: Продолженијата кобни за Словенците, Норвешка нов патник во четвртфиналето

Хокеарите на Словенија се елиминирани во осминафиналето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако по продолженијата загубија од селекцијата на Норвешка (2-1).

Словенечките репрезентативци можат да жалат и тоа како за оваа елиминација, бидејќи не само што беа подобар противник, туку имаа и водство речиси две третини, но сепак, Скандинавците успеаја да се вратат во игра, а потоа да го остварат најголемиот успех во својата историја – пласман во четвртфинале на едни Зимски Олимпоски игри. Јан Урбас беше стрелец за словенечката репрезентација, додека големата победа на Норвешка ѝ ја донесоа Кристијансен и Бонсаксен. 

Во четвртфиналето скандинавската земја ќе се судри со селекцијата на Русија, а патници во најдобрите осум досега се и Шведска, САД, Чешка и Канада.