Проблеми за НХЛ шампионот, заминува легендата на клубот

Капитенот на актуелниот освојувач на Стенли купот, Сент Луис Блус, Алекс Пјетранџело најверојатно го напушта клубот. Играчот кој веќе 11 години настапува за Сент Луис, се очекуваше да потпише нов договор во вредност од над осум милиони евра, но се поизгледно е дека тоа нема да се случи. 

Главна причина за прекин на долгогодишната соработка е управата на клубот, а како алиби за нив е тоа дека капитенот наскоро полни 30 години, пауправата не сака да издвојува играчи од другите, но и не сака да преплаќа ниту еден од нив. Со заминувањето на Пјетранџело, шанса би добиле младите Винс Ден и Колтон Парајко. 

Иако постојат вакви гласини, играчот докажа дека е голем професионалец. Тој размислува само на натпреварот кој го играат вечерва против Колумбус и не ја искоментира својата иднина:

„Добро е кога имате високи очекувања, сакам притисок, пред се затоа пто тој ја тера ркипата да биде подобра. Не го сметам тоа како негативно. Ако играме онака како што знаеме, победата не би требало да дојде во прашање", сигурен беше капитенот на Сент Луис.

Инаку, екипата на Сент Луис во своето 52-годишно постоење, минатата сезона за првпат го освои Стенли купот. Со тоа, Алекс Пјетранџело е единствен капитен во историјата на клубот кој го кренал толку посакуваниот пекар.