ВИДЕО: Преку 85 илјади луѓе го гледаа новогодишниот НХЛ дуел во Далас

Првиот хокеарски натпревар во 2020 година ќе влезе во историјата на американско-канадската НХЛ лига. Натпреварот меѓу Далас Старс и Нешвил Предаторс стана втор по посетеност во историјата на лигата.

На Стадионот „Котон Боул“ во Далас присуствуваа 85.630 гледачи. Натпреварот заврши со резултат 4-2 за Далас.

Најпосетен натпревар во историјата на НХЛ лигата е дуелот од 2014 година, кога пресметката меѓу Детроит и Торонто ја следеле 105.491 гледач.