Познати полуфиналните парови на машкиот хокеарски турнир

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари на машкиот хокеарски турнир на Олимписките игри во 2026 година, репрезентациите на Соединетите Американски Држави, Канада, Словачка и Финска се пласираа во полуфиналето.

Полуфинале:
Канада – Финска
САД – Словачка

Полуфиналните натпревари ќе се одржат в петок од 16:40 и 21:10 часот.

Финалето е закажано за в недела а натпреварот за третото место е ден порано.