Познати паровите за плеј-офот на олимпискиот хокеарски турнир

Заврши групната фаза од турнирот во хокеј на мраз во машка конкуреnција на Зимските Олимписки Игри во Милано и Кортина, при што се познати првите четири четвртфиналисти и учесниците во квалификациската рунда.

Канада, Соединетите Американски Држави, Словачка и Финска веќе се пласираа во четвртфиналето. Тие ќе играат против победниците од квалификациските парови.

Осминафинале:
Чешка – Данска
Шведска – Летонија
Германија – Франција
Швајцарија – Италија

Четвртфинале:
Чешка/Данска – Канада
Шведска/Летонија – САД
Германија/Франција – Словачка
Швајцарија/Италија – Финска

Натпреварите од квалификациската рунда ќе се одржат на 17 февруари, а четвртфиналето на 18 февруари.