Познати кандидатите за МВП на сезоната во НХЛ лигата

Американско-канадската хокераска лига (НХЛ) ги одеди трите кандидати за најкорисен играч на прекинатата сезона. Артјоми Панарин од Њујорк Ренџерс, Леон Дрезлајт од Едмонтон и Нејт Мекинон од Колорадо се номинирани за признанието кое се доделува за остварениот ефект во регуларниот дел на НХЛ лигата. 

Според статистиката, Дрезлајт е фаворит, бидејќи до прекинот на сезоната запиша 110 поени (43 голови и 67 асистенции) на 71 натпревар. Мекинон е веднаш зад него со 93 поени (35 голови и 58 асистенции) на 69 средби.

Панарин според статистиката е третопласиран на листата со 32 гола и 63 асистенции на 69 натпревари.