Порази на македонските екипи на првиот ден на „Скопје Ајс Фестивал“

Вечерва на лизгалиштето во А1 Арена при СЦ „Борис Трајковски“ започна седмото издание на традиционалниот турнир во хокеј на мраз „Скопје Ајс Фестивал“. На првиот натпреварувачки ден тимот Македонија јуниори - селекција составена од младински играчи загуби од Тим Интернешнл со 4-9.

Екипата на Торпедо од Букурешт, која веќе трета година по ред гостува на Скопје Ајс Фестивал го совлада Вардар со 7-3.

Утре тимовите на Македонија и Букурешт ќе го започнат овој натпреварувачки ден (8:30) и веднаш потоа тимовите на Вардар со Интернешнл ќе ги одмерат силите (10:30).

Третото коло ќе се игра исто така в сабота, од 15:30 часот со натпреварот Букурешт против Тим Интернешнл и во 17:30 часот со дуелот меѓу домаќините Македонија и Вардар ќе се финишира пласманот за финалните натпревари кои ќе се одржат ден подоцна, в недела на 16 декември.