Пораз по продолжение на хокеарите во вториот пријателски натпревар во Сараево

Македонската репрезентација на хокеј на мраз загуби по прододолжение со 7-6 (3-1, 1-2, 2-3 1-0) од селекцијата на БиХ во Сараево, во вториот пријателски натпревар. 

Откако вчера извојуваа победа од 8-7, денес „црвено-жолтите“ одиграа драматичен натпревар, во кој останаа непоразени во регуларното време, но примија гол во есктра-времето и по вторпат загубија. Стрелци на головите за нашата селекција беа Давор Анастасов и Дмитриј Прокудин по два, Самуел Наумовски и Андреј Василев по еден гол.

Натпреварот се играше во легендарната сала „Зетра“ прд неколку стотини љубители на хокејот. Двата пријателски натпревари нашето стручно водство ги окарактеризира како позитивни и плодни за нашата иднина.