Почетокот на НХЛ лигата поместен за 1 февруари

Најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ лигата, веројатно ќе го одложи почетокот на сезоната 2020/21 за први февруари, јавуваат релевантни американски медиуми. На оваа тема веќе се водат преговори меѓу лидерите на клубовите и комесарот на лигата, Гери Бетман.

Доколку се донесе одлука за пролонгирање на стартот, тренинг камповите ќе се отворат во средината на јануари.

Претходно, датумот на почеток на регуларната сезона беше 13 јануари, а камповите се очекуваше да се отворат на почетокот на новата година.